Утрински Весник
Македонија

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, побезбеден сообраќај…

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, побезбеден сообраќај…

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес и Битола реализираа низа превентивни активности од различни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните, пред се од областа на безбедноста во сообраќајот и заштитата од имотни деликти.

dobivaj vesti na viber

Така, во рамки на СВР Битола, во повеќе основни училишта во Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар и Крушево за првооделенците беа организирани предавања од страна на полициски службеници околу нивната безбедност во сообраќајот како пешаци под мотото „Безбедно од дома до училиште и назад“. И во текот на наредните денови ваквите активности ќе продолжат низ училиштата на подрачјето на СВР Битола, но и во другите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ова, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа активности за превенција од злоупотребата на огнено оружје при веселби и прослави, потоа за превенција од имотни деликти, првенствено измами, кражби и разбојништва, а беа реализирани и активности под мотото „Стави појас“ во интерес на безбедноста во сообраќајот, извести МВР.

На подрачјето пак на Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, а по повод интензивните сезонски земјоделски работи, организираше превентивни активности со возачи на земјоделски машини и механизација. Дополнително, во Велес се одржаа информативни средби со превозниците што годинава ја имаат обврската за превоз на ученици до училиштата и назад на подрачјето под надлежност на СВР Велес, а насочени кон безбеден и навремен транспорт на децата, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Бугарски медиуми: Сиљановска Давкова воодушевена од премиерата на Софиската опера и балет во Скопје