Утрински Весник
Економија

Претставници на Стопанска комора на Северна Македонија со Конзорциум „Бехтел ЕНКА”

Dsc 2185.jpg

Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работна средба меѓу претставници на Комората и на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА”, изведувач на проектот за автопатиштата од Коридорот 8 и од Коридорот 10д, членка на Комората. Оваа презентација имаше цел подобро да ги објасни водечките принципи на тендерскиот процес на „Бехтел ЕНКА” за зајакнување на учеството на локалните компании во проектот за автопатиштата, што до денес, според информациите на „Бехтел ЕНКА”, е дека околу 90 % од подизведувачите и 65 % од добавувачите се локални компании. Дополнително, по краткиот осврт на опсегот на проектот и на историјата на проектите на „Бехтел ЕНКА” на Балканот, фокусот на состанокот беше врз средствата за зајакнување на учеството на македонските компании од широк опсег на сектори до завршувањето на четирите секции на коридорите 8 и 10д со вкупна должина од 111 километри.

Како дел од активностите со Стопанската комора, оваа иницијатива е насочена кон транспарентна соработка и кон поблиско запознавање со компаниите членки на Комората заради разјаснување на процесите за соработка при реализација на работните активности за време на градењето на посочените коридори.

Стопанската комора на Северна Македонија и „Бехтел ЕНКА” во следниот период ќе продолжат со заеднички средби и со презентации во подрачните канцеларии на Комората во Штип, Битола, во Прилеп, Кавадарци и во Кичево, а во последниот квартал од 2024 година се планира заедничка презентација со „Бехтел ЕНКА” за сите заинтересирани компании, за што компаниите ќе добијат навремено известување.

Конзорциумот „Бехтел ЕНКА” со оваа и со повеќето средби со претставниците на Стопанската комора ја потврди својата намера да работи во тесна и транспарентна соработка со домашните компании, но и да даде поддршка и појаснување за процесите на учество и на соработка. Од „Бехтел ЕНКА” објаснија дека со завршувањето на поголемата експропријација ќе има повеќе работни фронтови и повеќе можности за домашните компании.

Можете да прочитате

Директорката на УЈП Елена Петрова на работна средба со шефот на мисијата на ММФ од Вашингтон Анет Кјобе

Заклучоци од меѓународната конференција на Народната банка: Инфлациската криза е успешно надмината

Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно