Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Претседателските кандидати вкупно потрошиле 7,5 милиони евра во кампањата, покажа извештајот на ДЗР

Pari.webp.webp
Img 7972

Вкупно 7,5 милиони евра потрошиле седумтемина претседателски кандидати во последната кампања за претседателските избори, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Според документот, за политичко рекламирање кандидатите нѝ потрошиле нешто над 5,7 милиони евра. Овие пари од буџетот директно им се префрлени на медиумите, додека нешто под 1,8 милиони евра учесниците во кампањата ги обезбедиле од донации и други свои извори.

Според ревизорите, финансиските извештаи на партиите се чисти. Забелешките се дека треба да се менуваат неколку закони за да се подобри изборниот процес. За потранспарентно финансирање на изборната кампања, Државната ревизија предлага серија измени во Изборниот законик во насока на подобро следење на трошењето за рекламирање, движењето на средствата собрани од донации и следењето на дистрибуцијата на рекламните кампањи на интернет порталите.


Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија