Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец

Foto 2 1.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур” во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт”.

Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати деминирање на патен правец при вршење на патрола и симулација на контакт со непријателски сили и нивно неутрализирање. Преку вежбата, истовремено, беше презентирана дел од новата опрема и лично вооружување на лесната пешадиска баталјонска група. 

Претседателот Пендаровски оцени дека успешната реализација на вежбата е уште еден показател за професионалноста, посветеноста и подготвеноста на припадниците на Армијата, како доверлив партнер во рамки на НАТО алијансата и ги реафирмираше своите заложби и очекувања за натамошна модернизацијата на Армијата и во следните години.

Можете да прочитате

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е ни разрешен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

ДУИ: Од 549 нови полицајци има помалку од 40 Албанци