Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

IMG

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска и утре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, годинава насловен „Обнова на довербата“.

Кабинетот на Пендаровски соопшти дека е предвидено тој да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светските економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.
На годинешниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи, информира Кабинетот на Пендаровски

Можете да прочитате

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди во интерес на заедницата

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

ВЛЕН: Граѓаните имаат право да знаат дали јавниот интерес бил жртвуван за бизнис и партиски интереси на ДУИ