Утрински Весник
Спорт

Претседателот на шпанската федерација обвинет дека трошел пари на оргии!

Претседателот на шпанската федерација обвинет дека трошел пари на оргии!
Dik 300x250 mk

Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) луто ги демантираше тврдењата дека нивниот претседател, Луис Рубијалес со пари од федерацијата организирал оргии, нешто што го објави шпанскиот „Ел мундо“. Според нивните извори, кои се сметаат дека доаѓаат од Хуан Рубијалес, чичкото и поранешен помошник на претседателот на РФЕФ, Рубијалес „поканувал од осум до десет млади девојки“ во куќа во областа Гранада.

dobivaj vesti na viber

„Ел мундо“ исто така тврди дека има изјава на Хуан Рубијалес пред анти-корупциската комисија на Шпанија бидејќи тој исто така изнудувал пари од повеќе приватни фирми.

„РФЕФ длабоко жали и категорично ги отфрла обвинувањата од поранешнито помошник на претседателот, дадени пред обвинителите во април. Целата желба на Хуан Рубијалес е да направи нешто од бес и да го наруши имиџот на претседателот на РФЕФ. И покрај бомбастичните тврдења, нема ниту еден доказ пред обвинителството“, се вели во објавата на шпанската федерација.

Ова е втор скандал на федерацијата оваа година, откако претходно од „Ел конфиденсијал“ беа објавени рзговорите на Рубијалес и дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике околу финансиските детали за организација на Шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, за што компанијата на Пике, „Космос“ заработи 25 милиони евра.

Можете да прочитате

Одбојкарите на Струмица елиминирани во Лигата на шампиони

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс