Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада на Северна Македонија

Siljanovska 681x448 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада на Северна Македонија. Од Кабинетот на претседателката за МИА ја потврдија информацијата. Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Согласно Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба до Собранието да го достави составот и програмата на владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Новиот собраниски состав имаше конститутивна седница во вторникот. Истиот ден за претседател на Собранието беше избран Африм Гаши.

Можете да прочитате

Тргна годината со поскапа струја: Сметките растат до 900 денари

Евгенија Камчева првото бебе во Скопје во 2026

Петок ( 2 Јануари) ни носи снег и снежна покривка во западните предели