Утрински Весник
Македонија

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

No .webp.webp
Img 5587

На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со  прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени  дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

Img 5587

Ss1

Можете да прочитате

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање на 60 години за жени и 62 за мажи – 24info.mk

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост