Утрински Весник
Македонија

Претреси на пет локации во Скопје: Нови осомничени во случајот со нелегалните ботокси

Img 8948.jpeg

Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори.

Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.


По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Предметот е оформен во април годинава кога беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.

Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица.

Можете да прочитате

Малолетно дете е шокиран од лектирата за трето одделение!

Користел викенд од Идризово, па завршил со ново апсење

Чувар унапреден, платата му скокнала од 50.000 на 100.000 денари – Кривична за Управниот одбор на М-НАВ