Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на подрачје на скопската населба Автокоманда го лишија од слобода Д.Т. од Скопје. Со употреба на службено куче од Единицата за службени кучиња во две подрумски простории во зграда во Автокоманда што ги користел Д.Т. била детектирана дрога, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Пронајдени се пет пакувања марихуана со вкупна количина од околу еден килограм и една тегла во која имало околу 100 грама амфетамин, како и дигитална вага и опрема за изготвување мали паковки за улична продажба, соопшти МВР.

По документирање на случајот, до налдежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.

Можете да прочитате

На конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025-та пријавени 53 наслови

Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ