Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведени лица од Грчец и од Гевгелија

Скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.(23) од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот во кој престојувале во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Можете да прочитате

Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

МВР: Пријавено оштетување на вратата од Амбасадата на Р. Бугарија

МВР: Повторените Локални избори 2025 завршија без нарушувања на јавниот ред и мир