Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места пороен дожд и грмежи

Vreme 6.webp.webp

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.


Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

-Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило