Утрински Весник
Македонија

Претпладне магливо, попладне со услови за дожд

Претпладне магливо, попладне со услови за дожд

Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

До крајот на работната седмица ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот

Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди