Утрински Весник
Македонија

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава

Danas pretezno suncano do 16 stepeni 5.jpg

Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност.

Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од почетокот на наредната недела облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд.

Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд. 

Можете да прочитате

Пијани малолетници на мотор направиле сообраќајка во Штип

Велешанец при претекнување со возило се заканувал, потоа удрил во возилото, па се вратил со нож

Алиу: Околу 74 милиони евра за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово