Утрински Весник
Македонија

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје

Ikona presveta bogorodica mia.jpg

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, ќе пристигне денеска во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА.

Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.


По пристигнувањето ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба со која ќе началствува г.г. Стефан, а присутните ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајката Божја.

Можете да прочитате

„Кој му дозволи да ги убие нашите деца?“ – Мајката на Томас со потресна порака до институциите

Голема полициска акција: Поранешен заменик-министер и директор меѓу осомничените за малверзации со стокови резерви

Од судењето за Кочани: Одбраната се жали на несредени докази, се бараат нови сведоци