Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост.


Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, навредливи и понижувачки.

СДС не се однесува државнички. СДС и Филипче капитулираат пред бугарските барања.

Тоа е истата стара матрици на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот.

Денес Венко Филипче чекори по истиот пат и прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги оправдува нивните барања пред јавноста.

Филипче не нуди визија, ниту стратегија за заштита на државните интереси. Тој нуди политика на попуштање, сервилност и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да стигне до власт.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на уцени, преговори и политичка трговија. Ниту една власт нема мандат да преговара за она што е темел на македонската државност и национален опстанок.

Можете да прочитате

Работничка повредена во фабриза во ТИРЗ Кочани

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев