Утрински Весник
Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата ако така одлучат граѓаните

Mickoski24maj.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата, ако ги изгуби локалните избори. Ова го кажа како одговор на новинарско прашање како ги коментира барањата за негова оставка од СДСМ поради трагедијата во Кочани и затајувањето на институциите.

-Не сакам да ја коментирам работата на Обвинителството. Одговорноста ќе ја видиме за четири месеци, опозицијата праќа политички пораки. Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе видиме на избори. Ако граѓаните сметаат дека треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како во 2021 година. Знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и другите, рече Мицкоски.


Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено и одговараме со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Една Влада, еден мандат, една стратешка цел завршување на европскиот пат на Македонија