Утрински Весник
Македонија

Премиерот Џафери првата работна посета ја започнува во Брисел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери на 13 и 14 февруари, 2024 година (вторник и среда), ќе оствари работна посета на Брисел, што ќе биде прва меѓународна посета по стапувањето на функцијата. 

Во делегацијата предводена од Премиерот, ќе бидат првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

Во рамки на посетата, премиерот Џафери ќе ги посети седиштата на НАТО и на Европскиот Совет, Европската Комисија и Европскиот Парламент.  

Во НАТО, Премиерот ќе се сретне со заменик генералниот секретар Мирчеа Џоана, по што ќе оствари одделни средби со челниците на Европскиот Совет, Шарл Мишел и на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен. Во Европскиот Парламент, Премиерот ќе оствари средба со група европратеници од проевропските политички партии.

На средбата со заменик-генералниот секретар на НАТО, во фокус ќе бидат теми врзани за безбедноста и стабилноста на регионот и на европскиот континент, како и на активниот придонес на Северна Македонија во Алијансата.  

Со европските челници, премиерот Џафери ќе разговара за приоритетите на Владата во насока на продолжување на евро-интегративниот процес, со фокус на реформите и приоритетите врзани за Планот за раст, за подготовките за претстојните двојни избори, како и теми од регионален и глобален контекст.  

Можете да прочитате

УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР за Бујар Османи

Митрески на средба со бугарскиот амбасадор: Да се промовираме позитивна реторика што може да придонесе за градење меѓусебна доверба

Собранието го донесе Законот за спорт