Утрински Весник
Македонија

Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката

Pazar.webp.webp

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на земјоделските производи кои ги произведуваат македонските земјоделци.

Целта на оваа кампања на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се промовира домашното производство и да се зголеми сопственото производство.


Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан.

Со ова не само што ќе се зголеми побарувачката на пазарот, туку ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата.

Наша основна цел е Македонија да ја направиме земјоделски независна држава.

Владата преку конкретни мерки и чекори кои директно помагаат за развој на домашната економија и раст на БДП.

Една година Влада значи целосна посветеност и реализација на проекти.

Земјоделците се наш фокус и продолжуваме заедно да градиме одговорни политики кои ќе ги задоволат нивните барања и потреби, соопшти Владата.

Можете да прочитате

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Лани дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул