Утрински Весник
Скопје

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода

Voda.webp.webp

Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Прекинот ќе трае до завршување со работните активности, информира претпријатието. 

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиена

Се одложува санацијата на заштитната ограда на мостот „Близнак“

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски”, подобри услови за спорт и развој на учениците