Утрински Весник
Свет

Прекин на струјата во Шпанија и во Португалија денес, не работат семафорите, метро-станиците, без струја се и главните градови

Power madrid open hour no 990573856.jpg

Голем прекин на електричната енергија е пријавен во Шпанија и во Португалија денес, вклучувајќи ги и нивните главни градови, јавуваат шпанските медиуми.

Шпанскиот оператор „Ределектра“ изјави дека е погоден Пиринејскиот Полуостров и дека инцидентот се проценува.


Од таму велат дека вакви широки прекини во снабдувањето со струја се многу ретки на полуостровот.

Земјите имаат комбинирано население од над 50 милиони луѓе, но сè уште не е јасно колку луѓе се погодени со прекинот.

Шпанскиот јавен радиодифузер РТВЕ изјави дека голем прекин на електричната енергија погодил неколку региони во земјата околу 12.30 часот по локално време, оставајќи ги редакцијата, шпанскиот парламент во Мадрид и метро-станиците во целата земја во темница. Изгасени се и семафорите, па граѓаните пријавуваат и проблеми во сообраќајот.
Во Португалија, земја со речиси 10,6 милиони луѓе, прекинот ги погоди главниот град Лисабон и околните области, како и северните и јужните делови на земјата.

Португалскиот дистрибутер „Е-редес“ изјави дека прекинот се должи на проблем со европскиот систем за електрична енергија, според португалскиот весник „Експресо“.
Компанијата изјави дека е принудена да ја намали струјата во одредени области за да ја стабилизира мрежата, според „Експресо“.

„Е-редес“ изјави дека делови од Франција исто така биле погодени.

Не беше можно да се остварат повици на мобилните телефонски мрежи иако некои апликации работеа.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“