Утрински Весник
Економија

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата.

dobivaj vesti na viber

Субјектите од оваа категорија кои не поднеле документи или при пријавата поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20.12.2022г и да бидат снабдувани преку ЕСМ Продажба од 1.1.2023г.

Одлуката на владата со која на ЕСМ Продажба му се даде обврската за снабдување на дополнителен број потрошувачи, е донесена со цел да се спречи раст на цените на одредени прехранбени производи и да се постигне и нивно намалување.

ЕСМ Продажба, по истата одлука, досега снабдува 309 јавни основни и средни училишта и 51 водостопанско и комунално претпријатие кои работат со пумпни или пречистителни станици.

Можете да прочитате

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“

Мицкоски за ребалансот на Буџетот: Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите