Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Непрофесионален однос на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира на непрофесионалниот однос на генералниот секретар на градот Скопје Зоран Глигоров, кој за време на прес конференција одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.

dobivaj vesti na viber

„ Претставниците на институциите треба да вложат максимални напори да им обезбедат информации на медиумските работници, особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста.

Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи“ велат од АВМУ.

Можете да прочитате

Ристоска: Единствената цел е да се спречи конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во „Талир 2“

Апелација ги потврди казните за убиствата на Вања и Панче, на Ѓорчевски одново ќе му се суди

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци