Утрински Весник
Спорт

Преговарал со Баерн – Лајпциг го отпушти менаџерот 24 часа пред дербито

Преговарал со Баерн – Лајпциг го отпушти менаџерот 24 часа пред дербито
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лајпциг пред дцербито во Бундеслигата против Баерн Минхен му врачи отказ на директорот за спорт во клубот, Макс Еберл. Германските медиуми тврдат дека Еберл ќе се пресели во Баерн и ќе ја преземе функцијата која до јуни ја вршеше Хасан Салихамиџиќ.

dobivaj vesti na viber

Лајпциг објавија дека спортскиот директор е отпуштен бидејќи во ниту еден момент не успеал да се идентификува со клубот.

„Лајпциг веднаш го отпушта Макс Еберл. Непосветувањето на клубот не доведе до оваа одлука. Ова се случува целосно независно од тимот и спортските резултати. Спортскиот директор Рувен Шредер го презема спортскиот менаџмент. Му благодариме на Макс за неговата работа”. се вели во објаснувањето на Лајпциг.

Лајпциг вечерва (18.30 часот) ќе го пречека Баерн, во дербито од 6.коло. На табелата Баер има бод повече од Лајпциг.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028