Утрински Весник
Македонија

Прегазена жена од 83-годишен возач во Куманово – пренесена е во болница

Soobrakajka 1.jpg

Осумдесет и тригодишен возач од кумановското село Табановце прегазил пешак во Куманово.

„Вчера во 19.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „рено клио“ со кумановски регистарски ознаки управувано од К.Б.(83) од село Табановце, кумановско, удрило во пешакот А.Л.(56) од с.Ново Село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., констатирани во Општата болница Куманово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога