Утрински Весник
Економија

Предлог законот за нефер трговски практики утре на комисиска расправа во Собранието

Marketi.jpeg

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот.

Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.

Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. 

Министерството за економија токму поради тоа не ја продолжи одлуката за гарантирани цени која важеше до 29 февруари. 

Голем број прехранбени производи со ознаката „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август 2023 година, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши на 1 март.

Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски во петокот на прес-конференција рече дека нивните првични информации покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, но дел ги имаат. Посочи дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираше на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало. Рече дека не можат да влијаат на цените, но оти верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи. 

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст