Утрински Весник
Македонија

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Img 20250709 wa0006.jpg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.

Според ЈО, локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. Обезбедени се снимки од видео надзор кој се прегледува и се анализира. Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата. По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството.


Прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица за да се утврди каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа.

Двете лица кои по пожарот нападнаа новинарска екипа и натаму се во притвор во постапка и за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

МИА

Можете да прочитате

Мицкоски: Не очекувам поинаква реторика од источниот сосед, светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари

Муцунски: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа – идентитетот е основно човеково право и не е тема за преговарање

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ, претставува опасност да ги зафати околните шуми