Утрински Весник
Економија

Пред граѓаните на Струга и Дебарца презентирани новите можности од ИПАРД 3 програмата

Пред граѓаните на Струга и Дебарца презентирани новите можности од ИПАРД 3 програмата

Денеска Информативната тернска кампања за презентација на новостите и можностите со новата ИПАРД 3 програма караванот на претставници на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната  ја продолжија во Дебарца и Струга.

dobivaj vesti na viber

Во текот на утрешниот ден караванот продолжува со инфо денови во Лозово од 11 часот во зградата на општината и во Чашка од 14 часот во зградата на општината.

Информативна кампања ИПАРД 3 – Нови можности за македонското земјоделство, има за цел да ги доближи до секој еден потенцијален корисник сите новости и можности кој ги нуди оваа програма.

Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 програма изнесува 97 милиони евра, европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик , на 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма кој се однесува за мерките 1 и 7. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година.

Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Додека мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Информатвните презентации ги спроведуваат претставниците на секторот ИПАРД при МЗШВ и Платежната Агенција, детално објаснувајќи ги новостите од ИПАРД 3 програмата, како и можностите за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 за мерките 1 и 7.

Дополнително сите заинтересирани корисници или група на граѓани кои пројавуваат интерес за одржување на инфо средба каде би биле запознаени со новата ИПАРД 3 програма, можат по електронски пат да закажат средба на меил адресата [email protected], или телефонски преку секторот за ИПАРД при МЗШВ https://rb.gy/0rbab

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025