Утрински Весник
Македонија

Пред големата промена на времето: Денес (понеделник) и утре (вторник) накратко потопло и претежно стабилно време

T2m 048 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (понеделник), како и утре (вторник) во Македонија времето накратко ќе биде потопло, но и стабилно, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен и од југозападен правец.

Сепак, утре (вторник) попладне и кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува, и тоа ќе биде најава за големата промена на времето која не очекува од среда, особено кон крајот на денот и вечерта кон четврток.

И во Скопскиот регион исто така овие два дена ќе имаме стабилно, суво и сончево време, со повремена мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен, а утре од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа, во југоисточните предели тие се очекуваа да се искачат до, па и малку над 15 степени.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница