Утрински Весник
Македонија

Православните верници го слават Богојавление-Водици

20230119091002 Big 730x400 36.webp.webp

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.


И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Годинава се пријавени над 220 граѓани, кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе чиноначалствува владиката Јосиф.

По завршување на литургијата, во 11:30 часот владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ каде ќе започне „Водосветот“, а потоа ќе се положи крстот во реката Вардар.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Можете да прочитате

Туристите сакаат да јаваат коњи и да молзат кози, дегустирање вино, археолошки и верски туризам дел од македонската туристичка винска тура

Сузбиена организирана криминална група за трговија со дрога

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на празникот Богојавление – Водици во Охрид и во Струга