Утрински Весник
Македонија

Пратеникот Драган Ковачки попречил новинари да земат изјави од директорот на АНБ и ги наклеветил дека тајно снимаат

Dragan Kovacki 103489.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска во Собранието попречувал новинари да земат изјава од директорот на АНБ Бојан Христовски и упатил груба клевета дека додека зборува со Христовски, новинарка тајно го снима.

По излегувањето од седницата на Комисијата за надзор на работата на АНБ, на која присуствуваше и директорот Бојан Христовски, кој е во центарот на вниманието поради наводниот лажен сертификат за англиски јазик од Пловдив, новинарите на САКАМДАКАЖАМ.МК и на Независен.мк тргнаа по него за изјави.

Само што го почна новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК Соња Делевска разговорот со Христовски, а тој транспарентно почна да одговара на прашањата, Ковачки почна да го прекинува:

„Директоре, ајде, ве чекаат”.

Христовски во одење ја брифираше новинарката за неговите безбедносните сертификати.

Во моментот кога Делевска го праша за ТОЕФЛ-сертификатот од Пловдив, дали го доставил до Антикорупциската комисија со оглед на тоа дека рокот е до задутре (четврток), Ковачки кој не успеа да го одвлече Христовски, ѝ кажа на новинарката:

„Исклучи го микрофончето. Снимаш”, покажувајќи на мобилниот телефон кој таа го држеше во раката.

Целиот текст на Сакам да кажам со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија во Собранието, мигранти за пари

Посилна акција за заштита на млади жени и девојки

ВЛЕН: Кризата на доверба во правдата доведе до прекинување на функцијата на јавниот обвинител