Утрински Весник
Македонија

Пратениците од Левица се сретнаа со рускиот амбасадор Баздникин

Img 20241004 151317 284.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Денес, 4 октомври 2024 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала” на Собранието на РМ пратениците на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со Рускиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на мултиполарниот свет. Акцент беше ставен на актуелните безбедносни предизвици на светската политичка сцена, но и на состојбата во регионот.

Од страна на нашите пратеници беше истакнато дека Левица се залага за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија. Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена.

Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа.

Можете да прочитате

Одбраната бара Шутка по жалбите за условите но Деко засега останува во затворот во Куманово

Годишни билатерални консултации со НАТО, потврда за континуираниот развој на одбранбените капацитети

За да си оди порано од работа, работник пријавил бомба во РЕК „Осломеј“