Утрински Весник
Македонија

Пратениците на ДУИ ќе ја бојкотират интерпелацијата на Левица за Гаши

Dui 1.jpg
Dik 300x250 mk

Пратеничката група на ДУИ изградила став во врска со поднесената интерпелација на партијата Левица за претседателот на Собранието Африм Гаши. Пратениците од пратеничката група на интегристи, ексклузивно за порталот Лидери.мк од Скопје, велат дека ставот што го изградиле во пратеничката група за прашањето за интерпелација против Гаши е испратен на одобрување до партиското претсњдателство.

„Нашиот став како пратеничка група е да го бојкотираме гласањето кога интерпелацијата ќе докде на дневен ред во Собранието, што значи дека нема да гласаме ниту „за“ ниту „против“. Можеби ќе учествуваме во расправата со една или две дискусии, но оценуваме дека најдобра опција за нас е да го бојкотираме гласањето“, велат пратениците на ДУИ за порталот Лидери.мк, кои сакаат да останат анонимни се додека одлуката не стане официјален партиски став.

„Тоа не значи дека не сме незадоволни од работата на Гаши, како дел од нелегитимните претставници на власт, но сметаме дека најдобриот одговор на интерпелацијата на Левица е да се бојкотира гласањето“, додаваат од пратеничката група на ДУИ не исклучувајќи ја можноста дека нивниот став може да претрпи промени кога ќе се дискутира во партиското раководството, кое ќе го има последниот збор.

Интерпелацијата за Гаши дојде неколку дена по инцидентот на скопскиот аеродром каде беше вмешана косовската претседателка Вјоса Османи, додека личното обезбедување на Гаши интервенираше по негова наредба за да се расчисти спорот меѓу Османи и властите во ТАВ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна

Мислел дека брат му сака да му го земе имотот, па го убил со тесла! Обвинение за хоророт во Кавадарци

Брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе помине над Македонија – На високите планини ќе завее и снег