Утрински Весник
Македонија

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Тошковски и не поминале на граница со старите патни исправи

Granicen Premin Stanke Lisickovo Delcevo.jpg

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски дека ЕУ ќе ги толерира патувањата со стариот пасош со Република Македонија и тргнале кон Бугарија. Со обичната патна исправа стигнале само до граничниот премин „Делчево“, бидејќи бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па како привилегирани граѓани во земјава се послужиле со дипломатските патни исправи. Интересно е  што кога двајцата пратеници приложиле дипломатски пасоши, кои се со старото уставно име на државата, им било дозволено од службените лица да ја минат границата, кои ги информирале дека немаат инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“. Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи – уште една политичка „патка“ на ВМРО-ДПМНЕ со која само ќе се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму ќе ги враќаат од граници бидејќи законот ќе важи само во Македонија. Од СДСМ утрово порачаа декаа ВМРО-ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор. -ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци, порачаа од оваа партија.

Можете да прочитате

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати, нека дојде и Мицкоски како осми, шпицен кандидат

Пронајдено возилото „поло“ од кое било пукано во Тетово