Утрински Весник
Спорт

Практична примена на промената на правилата на ВАР технологијата – Судијата ја објасни промената на одлуката

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Промените во примената на ВАР технологијата, имаше практична примена на Светското клупско првенство. Меѓународниот одбор претходно ја одбри промената.

dobivaj vesti na viber

Ал Ахли го совлада Оукленд, но она што посебно ќе го паметиме од овој натпревар е ситуацијата во која главниот судија на натпреварот го примени ново правило, односно на гледачите на стадионот и оние крај малите екрани им ја образложи својата одлука.

Натпреварот навлегуваше во судиското продолжение кога главниот судија, Кинезот Ма Нинг, врз основа на видеото што го погледна, ја промени одлуката за пенал во слободен удар, а потоа сето тоа убаво им го објасни на навивачите и гледачите.

Дефанзивецот на Окленд Адам Мичел го собори Тахер Мохамед на работ од шеснаесетникот, а судијата Ма Нинг покажа на белата точка. Меѓутоа, од ВАР собата му сугерираа да ја погледне целата ситуација.

Снимката покажа дека фаулот е направен надвор од шеснаесетникот, Нинг извесно време го гледаше видеото, па објасни зошто ја променил одлуката. Заедно со промената на одлуката за претворање на пеналот во слободен удар, Нинг му покажа и црвен картон на Мичел „поради прекршок во чиста шанса за гол“.

 

Можете да прочитате

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА