Утрински Весник
Спорт

Познати сите четвртфиналисти на Лигата на нации

20221104221721 Big 730x400 52.webp.webp

По одигрувањето на последните натпревари од Лига А, познати се сите учесници во четвртфиналето на најсилната група на Лигата на нации, како и на селекциите кои ќе разигруваат за опстанок во најсилната група.

Во четвртфиналето се пласираа Португалија, Франција, Германија и Шпанија како носители и Хрватска, Италија, Холандија и Данска  како неносители. Бараж за опстанок ќе играат Шкотска, Србија, Унгарија и Белгија.

Ждрепката за четвртфиналето и баражот ќе се одржи на 22 ноември во Нион. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 20 и 23 март, а завршниот турнир ќе се игра од 4 до 8 јуни 2025 година.

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови