Утрински Весник
Македонија

ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ: Температури и до 16 степени!

Ecm1 72.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на Божиќните празници ќе бидеме под влијание на потопла воздушна маса од југ, и истата ќе услови позначителен пораст на температурите на воздухот. Времето ќе биде претежно стабилно и суво, освен ноќта вторник кон среда кога особено во западните предели од Македонија ќе има локални врнежи од дожд.


Повремено за големиот Христијански празник, Божиќ ќе засилува ветерот од јужен и од југозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат околу, или понекаде за некој степен под нулата, а на повеќето места тие ќе бидат позитивни, односно над нулата. Максималните дневни температури пак ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје  исто така ќе имаме потопло време и претежно стабилно, повремено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе се спушта помеѓу 0 и 4 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 10 степени.

Можете да прочитате

Работен појадок на Муцунски со амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија

СДСМ: Одговорноста е кај Гаши и за Даути и за незакажување на седницата на Комисијата

Забрана за камиони на неколку патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег