Утрински Весник
Македонија

Пожарот во Слупчане е локализиран

Pozar.jpg

Пожарот што денеска избувна во боровата шума над селото Слупчане, Општина Липково, е целосно локализиран и ставен под контрола. Во моментов екипите работат на негово целосно догаснување, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Во акцијата се ангажирани 10 припадници на „Национални шуми“ – подружница Куманово со 2 специјализирани возила за гаснење шумски пожари, Противпожарната единица од Куманово со едно возило, како и поголем број жители од месното население.


На лице место присуствува и директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, кој директно од терен ја координира целата акција за гаснење и ги следи активностите на сите ангажирани екипи.

Можете да прочитате

Стафа тврди дека не му дал ниту евро на Ѓоко Ристов – Признав за да добијам поблага казна

Мрежата за заштита од дискриминација против предлогот за кратење на неработните денови

Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица