Утрински Весник
Македонија

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола

Pozar 5.webp.webp

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Како што соопштува Ангелов, на некои места во внатрешноста на опожарениот простор се уште има догорувања, но, вели, нема опасност од негово ширење. Тој посочува дека противпожарните екипи во моментов работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта.


-Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, сеуште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор но нема опасност од негово ширење. ПП екипи работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта, соопштува Ангелов.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети