Утрински Весник
Македонија

Пожарникарите спасија мало теле на Китка

784327176 122202001370803841 1447810937418523976 n.jpg

Апелираме на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животните, стои во апелот, кој до сите граѓани го упати Центарот за управување со кризи.

Во борбата со големиот пожар што беснее над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје спасиле и едно мало теле оставено на опожарениот терен.

Како што информира ЦУК, животното било пронајдено во метежот и огнот, исплашено и беспомошно, но пожарникарите успеале да го извлечат од опасната зона.

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска