Утрински Весник
Македонија

Пожaрникари 13 часа го гасеа вчерашниот пожар во Василево

1718698047 Pozarna.webp.webp

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 837 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,60%, а 37,40% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,83%, кон Итната медицинска помош 24,45%, a кон пожарникарите 4,71% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 906 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,01%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,25%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Вчера имаше девет пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и активни нема, утрово. Пожарите на отворено беа во општините: Бутел, ул „Александар Урдаревски“ (ѓубре); Гази Баба, покрај ул.„Зендел Џемаили“ (ѓубре); помеѓу општините Бутел и Шуто Оризари, покрај ул. 2 Визбегово (ѓубре); Прилеп, кај с.Ерековци и во атарото на с.Канатларц (ниска вегетација и стрниште); Струмица, кај с.Дабиле (депонија, ниска вегетација и стрниште); Василево, покрај регионалниот пат Струмица – Радовиш (ниска вегетација) и во Општина Чешиново – Облешево,кај с.Жиганци (ниска вегетација).

Пожарот на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица – Радовиш во близина на село Василево, во Општина Василево, беше гаснет речиси во текот на целиот ден, од 09.44 до околу 23.00 часот, со 7 пожарникари, 1 ПП возило и 1 теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22.00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Можете да прочитате

Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока