Утрински Весник
Македонија

Пожари на повеќе локации во Струмица

Pozarna Pozarnikari.jpg

Повеќе локации во Струмица се опожарени. Најсериозно било излетничката населба Суви Лаки, каде во 6:55 часот избувнал оган во викенд-куќа. Пламените јазици за кратко време го зафатиле објектот.

Во гаснењето интервенирале четворица пожарникари од Струмица со едно противпожарно возило, а како поддршка се приклучила и екипа од ТППЕ од Берово со уште четворица пожарникари и едно возило.

Еден час подоцна, во 8:12 часот, била регистрирана нова интервенција на улицата „Бетовенова“ во Струмица, каде се запалила куќа. На оваа локација биле ангажирани три противпожарни возила и осум пожарникари-спасители, кои успеале да го спречат ширењето на пожарот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол