Утрински Весник
Свет

Пожар зафати десетици куќи, центарот на градот блокиран: страшна снимка од голем пожар во Холандија

Pozar Holandija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Голем пожар избувна денеска во центарот на холандскиот град Арнем, кој брзо се прошири на десетина згради, а се уште не е под контрола, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Пожарот најпрво избувнал во една продавница, а потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пренесува „НЛ Тајмс“.


Засега нема информации за повредени, но пожарникарите не можеа да ги пребараат сите запалени куќи поради интензитетот на пожарот.

Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со дуќани на приземје и станови над нив.

Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Бирман.

Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. За гаснење на пожарот ангажирани се околу 150 пожарникари.

Портпаролот на полицијата рече дека пожарот најверојатно довел до испуштање на азбест, а локалните жители биле предупредени да не ги отвораат вратите и прозорците.

Градската општина ги отвори своите капацитети за да ги прими евакуираните, а досега таму засолниште побарале педесетина луѓе.

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина