Утрински Весник
Македонија

Пожар во скопски Илинден: зад хотелот „Белви“ гори трска, огнот се шири кон Арачиново

Пожар во трафика во Охрид, се проширил и на соседниот угостителски објект, нема повредени

Гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје, информацијата ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов запалена е трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

Чадот, како што информираат5 од ЦУК, кој се гледа од повеќе места во Скопје како и пепелта која паѓа од воздух и може да се забележи во некои скопски населби како на пример Автокоманда и Ново Лисиче, доаѓаат од горењето на трска и ѓубре во каналот кај Арачиново.

Овој пожар, според Ангелов не ги загрозува околните куќи.

Можете да прочитате

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда” стигнавме до „телесна повреда”?!

Пијан охриѓанец со четирицикл излетал од патот

Уапсени пет лица, одземено оружје и муниција – МВР со детали за антитерористичката акција