Утрински Весник
Македонија

Пожар во паркирано возило во Дебар

20240727143939 Big 730x400 28.webp.webp

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица.

„Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата Есат Мезелџиу во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило фиат браво сопственост на С.С.(48) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Toj додава дека повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. Истрагата околу причините е во тек.

Можете да прочитате

Марковска: Македонија се создаваше во бурни и магливи времиња

Роден само три минути по независноста: Христијан Проданов 35 години расте заедно со Македонија

Костадин Костадинов доби син на Денот на Независноста