Утрински Весник
Македонија

Пожар во казино во новиот дел на Велес

Kazino

Околу 18 часот вечерва е опожарено казиното „Адмирал“ во станбена зграда во новиот дел на Велес, во месноста Багремче.

Според првичните информации од СВР Велес, во времето на пожарот внатре немало луѓе.

Во гаснењето се вклучени две противпожарни возила на ТППЕ од Велес и дваесетина пожарникари.

Местото на пожарот го обезбедува полицијата. Засега нема опасност по становите во зградата и околните објекти.

Можете да прочитате

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките