Утрински Весник
Македонија

Пожар на фарма во Градско, едно лице пренесено во болница

Pozar.webp.webp

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Црн чад се издига над Скопје, пожар во кругот на Железара

Косово го затвори Генералниот конзулат во Струга

Цариниците спречија шверц на 200.000 евра на Табановце – парите скриени во торби, ранец и куфер