Утрински Весник
Македонија

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи

Screenshot 20250810 172805 messenger 768x426 1.jpg

Попладнево изби пожар кај ресенското с. Д. Дупени, во близина на Преспанско езеро.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаа да ги спасат викендиците и куќите од селото, додека пак огнот се движи кон непристапен терен.


Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер.

Нема опасност по куќите од селото и околните викендици.

Можете да прочитате

Тошковски: Направивме огромен исчекор во сообраќајната безбедност, а најголем доказ за тоа се спасените човечки животи

Пациентите од онкологија цела недела оставени без лек, само третина од пациентите вакцинирани против грип, а Клековски никако да преземе одговорност

Фрчкоски: Директорката на „Алта груп” која е во притвор во Белград има фирма во Скопје