Утрински Весник
Македонија

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Image 2026 05 14 101759392.png

Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

– Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ.


Депонијата „Краста“ сместена на локалниот пат Куманово-Пчиња сè уште е нестандардна депонија. Таа треба да стане претоварната станица која ќе има капацитет од 10.000 тони на отпад, со зони за сортирање на разни типови на отпад, рециклиран, габаритен отпад, за компостирање. Отпадот ќе биде компактиран со стационарни преси-компактори, ќе има товарни рампи и вага за возила и ќе работат најмалку десет работници во една смена.

Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12,5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители. Дневно на депонијата се изнесува од 100 до 120 тони смет.

Можете да прочитате

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците

ДОМ: Под превезот на дигитализација се отвора пат за експрес одобрување на изградба на дата-центри! 

Пет лица уапсени за дрога во последните 24 часа