Утрински Весник
Балкан

Повторно покренато обвинение за убиството на Данка Илиќ

Danka 1.jpg

Повторно се покрена обвинение против Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Ова се случува откако судот претходно го врати предметот на доработка за „подобро разјаснување на состојбата“.

Иако телото на малото девојче сè уште не е пронајдено, обвинителството е децидно дека собраните докази се доволни за судски процес. Осомничените се товарат дека на 26 март 2024 година ја удриле Данка со службено возило, по што наместо помош, ја усмртиле и ја фрлиле на депонија.

Во случајот е опфатен и Радослав Драгиевиќ, таткото на еден од осомничените, кој се товари за помагање и непријавување на делото. Доколку судот го потврди обвинението и се докаже нивната вина, на сторителите им се заканува казна доживотен затвор.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31